„Тајмс“: Трамп бил информиран за руското мешање уште пред својата инаугурација

Макфакс

19/07/2018

13:05

1.241

Големина на фонт

а а а

Весникот „Њујорк тајмс“ открива дека американскиот претседател, Доналд Трамп, добил широк обем на извештај од разузнавачките служби за директната улога на рускиот претседател, Владимир Путин, во мешањето на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година.

Во извештајот, како што пренесува „Гласот на Америка“, се расветлуваат доследните напори на Трамп да го префрли фокусот од каква било улога на Москва одиграна во неговата победа над демократката Хилари Клинтон, вклучително и изјавите во кои тој прво одбиваше, а потоа го прифати откритието на американските разузнавачки служби по состанокот со Путин во Хелсинки.

„Тајмс“ пишува дека Трамп првпат дознал за руското мешање на 6 јануари 2017 година, две недели пред својата инаугурација, за време на состанокот во Њујорк во „Трамп тауер“ со тогашниот директор на ЦИА, Џон Бренан, Џејмс Клапер, тогашениот директор на националната разузнавачка служба, тогашниот директор на ФБИ, Џејмс Комни, и адмиралот Мајк Роџерс, тогашен директор на Националната безбедносна агенција.

Високорангираните претставници тогаш му покажале на новоизбраниот претседател Трамп доверливи информации според кои Путин лично наредил хакирање и кампања на дезинформирање, вклучително и текстови и е-пошта на руски воени офицери и информации од строго доверливи извори блиски лично до Путин, тврди „Тајмс“.

Доказите вклучувале е-пошта украдена од Демократскиот национален комитет, која била клучна во одвраќање на гласачите од Клинтон. По брифингот, Трамп издаде соопштение ширејќи ја вината на Русија, Кина и многу други земји и надворешни групи. Трамп рутински ја отфрлаше истрагата за руските сајбернапади како измама, подготвена од демократите и како лов на вештерки, насочени кон поткопување на неговото претседателствување, пренесува „Тајмс“.

Во интервју за Си-би-ес, Трамп лично го обвини Путин, но само индиректно, поради руското мешање, бидејќи, како што рече, Путин е на чело на таа земја и е задолжен за неа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг