Османи: Унгарското искуство во преговорите е од огромно значење за нас

Макфакс

19/07/2018

10:56

1.256

Големина на фонт

а а а

Од клучно значење за Република Македонија е подготовката за почетокот на преговорите со Европската Унија, при што огромно значење има искористувањето на искуството и експертизата на сите земји кои неодамна поминале низ овој процес, како што е Унгарија, порача заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кој денеска во Секретаријатот за европски прашања oоствари средба со амбасадорот на Унгарија, Н.Е. Ласло Дукс.

„Целта на овие реформи, но и на самите преговори, покрај членството во Унијата, се и придобивките од суштинската трансформација на земјата во европско демократско општество со функционална пазарна економија, ефикасни институции и професионална администрација”- додаде Османи, притоа потенцирајќи дека пристапните преговори се комплексен, обемен и масовен процес, во кој ќе биде потребен ангажман на целото општество.

Османи се осврна и на важноста на периодот во кој се наоѓа нашата земја на евроинтегративниот пат, во контекст на неодамнешната одлуката на Европскиот совет за временска рамка од 12 месеци, или јуни 2019 година, за почеток на преговорите за членство во Европската Унија, при што потенцираше дека во периодот кој е пред нас, покрај самата подготовка за преговори, Владата има намера да го задржи и продлабочи позитивниот реформски импулс и да испорача видливи резултати во делот на судството, безбедносните служби, јавната администрација, но притоа не запоставувајќи ја ни борбата против организираниот криминал и корупција и сите други клучни области.

Двајцата политичари заеднички потенцираа дека Македонија и Унгарија имаат одлични билатерални односи и плодна соработка и дека двете земји остануваат посветени на јакнењето на меѓусебните односи и продлабочување на соработката во сферите од заеднички интерес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг