Австралискиот премиер го повика папата да го смени надбискупот кој прикривал злоупотреба на деца

Макфакс

19/07/2018

10:53

922

Големина на фонт

а а а

Австралискиот премиер, Малколм Турнбул, го повика папата Франциско да го смени надбискупот Аделаид Филип Вилсон, кој е највисок римокатолички свештеник. Вислон е осуден поради прикривање сексуални злоупотреби на деца.

Турнбул пред две недели изјавил дека надбискупот Вилсон требало да биде повлечен од службата уште кога во мај бил осуден бидејќи не пријавил во полиција дека свештеникот педофил Џејмс Флечер повеќепати злоупотребувал две момчиња кои помагале во црквата во 1970-тите години во регионот Хантер Вали.

Австралискиот премиер денеска изјави дека не треба да се дозволи Вилсон (67) да остане надбискуп.

„Требало веќе да поднесе оставка и време е папата да го смени“, изјавил Турнбул, додавајќи дека многу лидери го повикале Вилсон да даде оставка.

Вислон рекол дека ќе му понуди оставка на папата само ако неговата жалба на пресудата биде одбиена во Окружниот суд во Нов Јужен Велс.

Судот во Њукасл го осуди Вилсон на една година затвор поради прикривање сексуални злоупотреби на деца, а во меѓувреме е пуштен со кауција додека судот следниот месец не одлучи за тоа дали тој ќе ја издржува казната во затвор или во домашен притвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг