Утре без струја неколку делови од Скопје

Макфакс

19/07/2018

10:22

708

Големина на фонт

а а а

„ЕВН Македонија“ соопшти дека за утре се планирани исклучувања во електро-системот, во неколку скопски населби.

Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе останат корисниците од зграда бр. 5 на улицата Шекспирова, во општина Карпош.

Во периодот од 12 до 14 часот корисниците од место викано Чардак и дел од село Бразда во Чучер – Сандево

Во периодот од 08:30 до 16:30 часот, како што соопшти ЕВН, исклучувања ќе има кај корисниците од дел од улицата Христо Татарчев околу новиот кружен тек на последната постојка на автобусот 24-ка, во општината Кисела Вода.

Во периодот од 05 часот до 10:30 часот корисниците од дел од село Шишево во реонот на викендиците во Сарај, а од 09 до 14 ч. часот корисниците од дел од село Шишево – од селото до мостот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг