Лидерска средба во помал состав за референдумот за името

Нетпрес

19/07/2018

09:50

2.861

Големина на фонт

а а а

Македонскиот премиер Зоран Заев синоќа најави дека за денеска напладне е закажана уште една лидерска средба во помал состав.

Сите што останавме на лидерската средба сме за успешен референдум, а однесувањето на Мицкоски демонстрирано во име на ВМРО-ДПМНЕ е несериозно, неодгороно и навредливо кон сите политички субјектки и граѓаните на Македонија, рече синоќа Заев по лидерската средба во клубот на пратениците. На неа се разгиврало за прашањето на рефередумот „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот за името меѓу Македонија и Грција“. „Референдумот треба да биде консултативен, а волјата на граѓаните ќе биде конечна за сите политички чинители, рече Заев.

Македонскиот премиер Зоран Заев синоќа најави дека за денеска напладне е закажана уште една лидерска средба во помал состав. До ова доаѓа откако вчерашната лидерска средба во проширен состав ја напушти лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој изјави дека не се согласува со таков проширен формат на лидерските средби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг