Нов документарец ни ги открива сите зависности на познатиот комичар

Точка

18/07/2018

21:50

4.143

Големина на фонт

а а а

Прекумерното конзумирање на отровни супстанци, познатиот комичар го довеле до тешка зависност и депресија.

На малкумина им е познато дека легендарниот глумец пател од уште еден вид на зависност - зависноста од комедии, ни открива новит документарец „Come Inside My Mind“.

Филмот за животот и работата на Робин Вилијамс, гледачите ги упатува во психолошката состојба на глумецот, преку бројните архивирани снимки, анализи и интервјуа со неговото семејство и пријателите.


Документарецот прикажува како Вилијамс своите 63-години од животот ги посветил на една единствена цел - да ги насмее луѓето. Вилијамс својата страст кон комедијата ја опишувал како нешто на што бил речиси принуден.

„Мислам дека ќе доживеете вистински наплив на емоции кога ќе најдете нешто ново и спонтано. Мислам и дека тоа го наградува мозокот со малку ендофрин“, рекол Вилијамс во едно интервју чии делови се најдоа во документарецот.

Филмот „Come Inside My Mind“, во продукција на HBO и режија на Марина Зеновиќ, содржи многу необјавени и досега невидени снимки и гледачите ги води низ цел живот и кариера на Робин.

Во филмот се прикажани и детални интервјуа на луѓето што биле многу приврзани со овој исклучително оригинален комичар, како што се Били Кристал, Ерик Ајди, Вупи Голдберг, Дејвид Летерман, Стив Мартин, Пем Добер и Зак Вилијамс. 

Поголем дел од филмот е раскажан од самиот Вилијамс и преку него ни открива што всушност го поттикнало комичарот да ги сподели креативните ликови од својата глава со целиот свет .


Робин Вилијамс извршил самоубиство во 2014-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг