Ердоган поднесе тужба поради навредлива карикатура

Макфакс

18/07/2018

21:08

1.626

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поднесе тужба против лидерот на главната опозициска партија и десетици пратеници, поради навреда, бидејќи тие на социјалните мрежи објавиле карикатура која го покажува него во ликот на различни животни.

Државната новинска агенција „Анадолија“ објави дека тужбата е поднесена против Кемал Кичдароглу, кој на Твитер објави карикатура и против 72 пратеници кои ја споделиле истата.

Според информациите, тие го направиле тоа во знак на поддршка на четворица студенти уапсени поради плакати со иста карикатура на церемонијата од дипломирањето.

Навреда на претседателот на Турција е кривично дело за кое може да се добие затворска казна до четири години. Ердоган поднесе речиси 2.000 тужби поради наводни навреди, но од многу се откажал во знак на добра волја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг