Мицкоски ја напушти лидерската средба

Макфакс

18/07/2018

20:15

5.482

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по еден час ја напушти лидерската средба. Тој изрази револт за предлогот на Владата за измени за изборниот законик, со кој се предлага новиот состав на ДИК, наместо со двотретинско мнозинство да се бира со помалку гласови од пратениците.

„Ние бевме дел од таканаречената лидерска средба. Навистина не беше јасен концептот зошто сите парламентарни партии не се поканети и изразивме револт и ја напуштивме средбата. Му го кажавме барањето на Заев пред понеделик да свика лидерска средба со партиската четворка за сите сегменти кои треба да се утврдат пред да се формира новиот состав на ДИК“, рече Мицкоски откако ја напушти средбата со неговата придружба, професорката Тања Каракамишева.

Тој побара премиерот Заев да свика нова лидерска средба, на која би присуствувале лидерите на најголемите четири политички партии од власта и опозицијата.

Го повтори ставот на партијата дека за нив не е единствен приоритет изборот на ДИК, туку во пакет треба да се донесат сите реформски закони како што било договорено меѓу партиите.

Останатите претставници на политичките партии се се уште внатре на лидерската средба, по што се очекуав по завршувањето и тие да ги кажат нивните ставови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг