Борис Џонсон: „Не е предоцна да се сочува Брегзит“

Макфакс

18/07/2018

20:13

1.256

Големина на фонт

а а а

Поранешниот министер за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон побара од британскиот парламент повторно да размисли за својата стратегија. Тој додаде дека Британија никогаш веќе нема да добие шанса да ги поправи работите.

Џонсон поднесе оставка во знак на протест поради планот на британската премиерка Тереза Меј за напуштање на Европската Унија.

„Не е предоцна да се зачува Брегзит“.

„Имаме време во овие преговори, еднаш ја проемнивме тактиката, можеме да ја промениме повторно“ нагласил Џонсон.

Екс министерот за надворешни работи на Британија поднесе оставка на 9 јули поради несогласувања во владата за Брегзит, а истото го сторија и министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, како и Стив Бејкер, заменик министер за Брегзит.

Британскиот министер за воени набавки, Гуто Беб вчера поднесе оставка со што тој е четвртиот министер кој ја напуштил владата на Меј.



Спонзорирани линкови

Маркетинг