Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ наводно размислувал да го остави тенисот и да се пензионира после долгите проблеми со повредата на лактот.
Болката во десниот лакт го оттргнала Ѓоковиќ од теренот речиси една година, а после 6-месечната пауза било неопходна операција, но сите неволји го стигнаа на американската турнеа.
На Мастерсите во Индијан Велс и Мајами, Новак отпаднал уште на стартот, и според зборовите на некогашниот италијански играч Филипо Воландри, размислувал да се пензионира.
Неколку месеци подоцна, потврда дека донел добра одлука да продолжи да игра е титулата на Вимблдон.
„Тоа беше навистина остварување на сонот, особено кога ќе се сетиме дека после Мајами го собрал својот тим и рекол: 'Видете, ајде да зборуваме со спонзорите бидејќи не знам дали сакам да продолжам да играм или не'. Стварно размислувал да го остави тенисот“, рекол Воландри.
Спортскиот ас во текот на кариерата постојано имал пријатели - колеги од Италија, што очигледно знаат повеќе од србите.
„За тоa разговарал со Фабио Фоњини пред неколку дена, но знаевме дека доколку победи во двата тешки натпревари, ќе му се врати самодовербата. Не очекувавме дека повторно ќе го освои Вимблдон, но после дуелот со Кајл Едмунд во третото коло, видовме дека Ѓоковиќ многу напредувал“.
Потоа следуваше најважниот натпревар за оваа сезона - полуфиналето со Рафаел Надал, кој траеше повеќе од 5 часа и се играше два дена.
„Натпреварот со Надал е еден од најдобрите средби во последните две години. Неговата прегратка со синот Стефан беше преслатка - како сон“, изјави Воландри.