Човек од сенка: Што правел сопругот на Колинда додека таа во мокра маица ги бакнувала сите фудбалери на теренот

Точка

18/07/2018

19:11

11.969

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, ја украла славата на фудбалерите на доделувањето на медалите, а за нејзиното однесување целиот свет зборува веќе со денови. Тоа за што малку се зборува е нејзиниот син Јаков Китаровиќ, кој како и секогаш досега Колинда ја следел и во Москва, но по обичај бил во втор план.

Однесувањето на Колинда во текот на самиот натпревар, но и по него, ја направило вест на денот во повеќето светски медиуми. Хрватската претседателка со сета сила навивала за својата репрезентација, влегувала во соблекувалните, скокала пред руските колеги, а по финалето во кое Хрватска изгуби од Франција, ги бакнувала и нивните и хрватските фудбалери. 

Медиумите ширум светот повеќе пишувале за нејзиното однесување, отколку на пример за Лука Модриќ, освојувачот на Златната топка, а прекарите се нижеле - од "најсимпатична губитничка во историјата", преку "Алкохолинда", до "претседателка Грлиќ-Мазиќ" и многу други.

Присуството на посилната половина на хрватската претседателка било забележано на само неколку фотографии - во свечената ложа, пред почетокот на натпреварот Хрватска-Франција, но и во друштво на претседателот на Русија Владимир Путин, со кој семејството Китаровиќ разменило неколку реченици пред почетокот на финалето. И Јаков, како и Колинда и нивниот син Лука и ќерката Катарина, дошле на финалниот меч со јасни навивачки обележја, со тоа што Јаков сепак облекол одело, за разлика од својата сопруга која се појавила во дрес.

Јаков Китаровиќ ни порано не се истакнувал претерано. Напротив.

Јаков Китаровиќ е човек, кој, како што рекла неговата сопруга Колинда, свесно ја ставил својата кариера во втор план за таа да може да се посвети на дипломатската и политичка кариера.

Бил покрај неа кога станала министерка за европски интеграции во 2003. година, и кога предизвикала голем интерес во јавноста бидејќи го носела своето бебе на официјални состаноци. Потоа ја следел и како сопруг додека била амбасадорка на Хрватска во САД, како и кога станала помошничка на главниот секретар на НАТО.

Роден е во Ријека, а својата сопруга ја запознал во Загреб, додека студирале, тој на Факултетот за електроника, а таа на Филозофскиот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг