Ван Дам беше "нашмркан до бесвест": Режисерот на филмот "Street Fighter" открил низ што минувал поради славниот актер

Точка

18/07/2018

16:24

6.831

Големина на фонт

а а а

Ван Дам наводно поради проблеми со зависноста на снимањето доаѓал дрогиран и незаинтересиран за работа.

Стивен де Соуза, режисер на акциониот филм "Street Fighter" за британски "Guardian" рекол дека снимањето на филмот, во кој биле присутни насилни сцени, како и оружје, било слично со тоа што се гледало на платното. Режисерот открил дека главниот актер, Жан Клод Ван Дам имал проблеми со зависноста, па поради тоа правел проблеми на снимањето. 

"Не можев за тоа тогаш да зборувам, но можам сега. Жан Клод беше нашмркан до бесвест. Студиото мораше да ангажира личност што ќе се грижи за него, но се воспостави дека тој човек беше лошо влијание. Жан Клод цело време се јавуваше дека е болен и бев принуден да копам по сценариото за да најдам нешто друго што би можеле да го снимаме, не можев да седам со часови и да чекам на него. Продуцентите два пати му дозволија да оди во Хонг Конг и два пати доцнеше, а во понеделник воопшто не доаѓаше", рекол Соуза. 

Меѓутоа, проблем со овој филм не бил само Ван Дам, туку и актерите кои не биле упатени во видео играта според која е филмот снимен, така што филмот доживеал тотална пропаст и се воспоставило дека е вистинско промашување.

"Не знаев ништо за ликот што го играм, не знаев за видео играта, немав поим што треба да правам. Требаше да бидам луд научник. Помислив - кој вид на научник и зошто сум полудел?", рекол актерот Рошан Сет.

Иако е сниман во 90-тите години на Тајланд, кога постоела можност да дојде до воен пуч во таа земја, и покрај сите критики и потешкотии, филмот заработил околу 105 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг