Мислевте дека не може полошо? Google Chrome сега троши уште повеќе меморија...

Точка

18/07/2018

17:44

2.451

Големина на фонт

а а а

Со цел да ги решат проблемите со безбедносниот пропуст “Spectre”, од Google на својот интернет прелистувач му воведоа нова безбедносна опција која што троши уште повеќе меморија.

Многумина го избегнуваат најпопуларниот интернет прелистувач токму поради тој проблем, а сега откриено е дека Chrome поради софтверските решенија за “Spectre” ќе троши уште повеќе работна (РАМ) мемрија од вашиот компјутер.

Инаку, станува збор за големи безбедносни пропусти кои што беа откриени на самите компјутерски процесори на „Интел“, „АМД“ и „АРМ“, по што од Google мораа да реагираат и да го надоградат Chrome.


Во еден најлош случај, хакерите би можеле да го искористат пропустот кај процесорите и да добијат други информации од компјутерите, како што се лични податоци и податоци од кредитни карички и слично.

Google успеа да го реши тој проблем кај Chrome со додавање на нова безбедносна опција (Site Isolation) што значи дека за секоја отворена страница ќе имаме отворен нов chrome.exe процес.

Тоа накратко значи дека Google Chrome ќе троши од 10 до 13% повеќе работна меморија. За оние кои што работат со повеќе отворени табови треба да размислат веројатно за некоја екстензија која што ќе управува со табовите со цел да се заштеди на РАМ и кочење на компјутерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг