Бајкерот кој се прославил со своите фотографии на Инстаграм, денес ќе биде пуштен од притвор откако се изјаснил за виновен за јавно пореметување на редот и мирот.
Бенџамин "Notorius" Геперт (26), познат бајкер од Инстаграм, се изјаснил како виновен по повеќе точки од обвинението. Тој се товарел за пореметување на јавниот ред и мир, за поседување на опасни дроги, јавно внесување на стероиди, како и за напад на службено лице.
Тоа поради што најмногу дошол до центарот на вниманието е тепачката на паркингот на познат ланец за брза храна, настан на кој бил снимен и објавен на Фејсбук.
Поранешниот член на "Ангели од пеколот" е осуден на шест месеци затвор, условно на три години, а бидејќи одлежал 56 дена, пуштен бил на слобода веднаш по донесувањето на пресудата.
Како што изјавиле од полицијата, неговата девојка Алијана Вадер и тој се спротивставиле на законот неколку пати, последен пат кога дошле да го уапсат на домашната адреса. Притоа Геперт се спротивставувал на апсењето, додека Алијана гола се обидела да ги сопре припадниците на полицијата во намерата да го приведат.