Абитебул: Помалку трки ќе донесат вредност

КРУГ.МК

18/07/2018

13:57

740

Големина на фонт

а а а

Шефот на Рено, Сирил Абитебул, смета дека наместо додавање на се повеќе трки во календарот, намалување на нивниот број ќе донесе дополнителна вредност на тркачката серија. Годинава календарот има рекорден број на трки, дури 21, а за прв пат во историјата има и три трки едно по друго. Следната година е предвидено Мајами да ја замени Германија, а бројот на трките да биде исти.

„Треба да добиеме можност да ги вклучиме фановите во спортот, но тоа треба да биде нешто посебн, а веќе го надминуваме бројот на трки за да бидеме посебни. Треба да носиме гордост, мотивација и енергија, а со сегашниот календар ентузијазмот не е исти како кога би имале 15 трки годишно. Ако немаме доволно енергија, ќе биде тешко.

Трките почнуваат да стануваат рутина, не треба да биде така, не треба истите да се секојдневни активности, но одамна го минавме тој праг и поради тоа мораме да бидеме многу внимателни.

Јас знам поради која причина се прави тоа, знам дека комерцијално мораме да го зголемуваме календарот, но доколку мене ме прашувате, јас би го намалил бројот на трките.

Ако бидеме агресивни и направиме календар од 15 трки, на 6 од денешните треба да им се каже дека целосно ќе бидат тргнати од календарот. Ако се ревидира целата шема на пазарот, ќе биде многу интересно да се види што ќе се селучи.

Знам дека е тоа коцка која сегашните сопственици не се подготвени да ја поддржат. Сегашната серија бара повеќе пари секоја година, повеќе луѓе, повеќе патеки, поголеми награди … повеќе од се. Но во еден момент ќе дојдеме до момент кога ќе мора да се балансира“, најави Абитебул.



Спонзорирани линкови

Маркетинг