Меј со закана до пратениците – или поддршка или избори

Макфакс

18/07/2018

12:49

896

Големина на фонт

а а а

Британската премиерка, Тереза Меј, им се закани на бунтовните пратеници од нејзината конзервативна партија со општи избори ова лето, ако не ги поддржат нејзините царински планови во рамките на Брегзитот.

Ова предупредување им беше упатено на пратениците кои се залагаат за ЕУ, предводени од поранешните министри Стивен Хамонд и Ники Морган и тоа неколку минути пред клучното вчерашно гласање за царината.

Премиерката Меј „за влакно” избегна пораз во парламентот, благодарение на гласовите на проевропските пратеници од нејзината партија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг