Група на градежни работници од соседна Србија се побуниле што морале да градат локална зграда по налог на руски тајкун и тоа бесплатно – а потоа исчезнале. Истрагата која што трае од 2013-та година е завршена деновиве.
Руските државни органи од Краснодарската област ја стопирале истрагата по повод исчезнувањето на групата на српски градежни работници за кои што се верува дека се убиени, а потоа зацементирани во темелите на хотел во ексклузивно летувалиште северно од Сочи на бреговите на Црното море.
Судбината на групата на руски работници кои што исчезнале во рускиот црноморски град Анапа и натаму е непозната. Официјалната истрага била прекината откако започнале да кружат гласини дека телата на работниците се наоѓаат зацементирани во темелите на ексклузивниот хотел и марина Златен залив.
Како што пренесуваат руските медиуми, за да биде истрагата комплетирана, мора да се сруши целиот комплекс на хотелот, по што руските власти донеле одлука да се стопира истрагата за исчезнатите работници.
Најстарите податоци за исчезнувањето и убиството на работниците датира од 2013-та година кога руските медиуми открија дека градежниците се побуниле против член на руската мафија.
Имено, рускиот тајкун и поранешен пратеник во собранието на краснодарската област, Сергеј Зиринов им наредил на работниците да започнат да го градат неговиот комплекс на хотели и зградата на регионалниот суд за беспари. Откако тие се побуниле, набрзо исчезнале.
После таа афера, Зиринов беше уапсен во март 2013-та година поради обвинение – обид за убиство. Подоцна обвинението е променето и Зиринов беше обвинет за разбојништво и убиство на повеќе луѓе. Осуден е на 22 години затворска казна.