Американците не се откажуваат: Ќе ги убедат ли Турците да се откажат од купувањето на рускиот ракетен систем?

Точка

18/07/2018

13:05

1.738

Големина на фонт

а а а

Од Соединетите Американски Држави потврдија дека активно преговараат со Турција за продажба на американскиот „Патриот“ ракетен систем со цел Анкара да се откаже од купувањето на рускиот „С-400“.

Од американскиот Стејт Департмент порачаа во текот на вчерашниот ден дека САД активно преговара со турските власти во врска со прашањето за можната продажба на американските „Патриот“ ракетни системи со цел да ја спречат Турција да го купи рускиот против-воздушен систем „С-400“.

Да потсетиме, Русија и Турција во повеќе наврати досега потврдија дека договорот за купувањето на „С-400“ е „комплетиран“ или „речиси комплетиран“, но факт е дека ништо не е готово затоа што САД, како што се очекуваше, силно ќе настојува да го блокира купувањето на рускиот против-ракетен систем од страна на Анкара.


Ова дури и не е прв пат едно вакво прашање да предизвика напнатост во односите помеѓу Соединетите Американски Држави и Турција, затоа што турските власти најпрвин имаа намера да купат кинески против-ракетни системи.

Тогаш САД изврши голем притисок врз турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на крајот турските власти се откажаа од таа идеја, но набрзо потоа започнаа преговори со руските власти за купување на рускиот против-ракетен систем „С-400“.


Секако, ниту ова не им одговара на Американците, пред се затоа што Турција е американски сојузник во НАТО Алијансата. Тука не станува збор само за милијардите долари кои што Русија би ги заработила од продажбата на ПВО системот на Турција, туку станува збор и за геополитика.

Покрај тоа, неодамна од американскиот Сенат порачаа дека евентуалното купување на Турција на рускиот против-воздушен систем ќе значи дека земјата ќе биде ставена на листата со санкции на САД, па турската армија нема да ги добие нарачаните амеркански авиони од петта генерација „Ф-35“, затоа што преку „С-400“ системот, Русија би можела да ги дознае сите предности и недостатоци на најмоќниот американски авион.



Спонзорирани линкови

Маркетинг