Хотел од Лас Вегас ги тужи жртвите во најголемиот масакр во поновата историја на САД

Макфакс

18/07/2018

11:27

1.067

Големина на фонт

а а а

Сопственикот на хотелот „Мандалај Беј“ ги тужи жртвите од масакрот кој се случи минатата година, велејќи дека тој нема никаква одговорност за пукањето во кое загинаа 59 лица, јавија американските медиуми.

Компанијата MGM Resorts International, што е соочена со низа тужби за нападот кој беше извршен во нејзиниот хотел во Лас Вегас, објави дека тужи над 1 000 од преживеаните жртви. Компанијата соопшти дека не бара надомест, туку сака да се заштити од понатамошните можни правни дејствија на жртвите.

Во изјава за „Си-ен-ен“, нападот во кој Стивен Падок од порзорец на хотелот „Мандалај Беј“ во Лас Вегас уби 59 луѓе, компанијата го нарече одвратен чин на злобен човек. Исто така, наведе дека нејзините тужби поднесени во судовите во Невада и централна Калифорнија имаат за цел да ги заштитат жртвите и да им помогнат да се опорават.

„Развлекувањето на судските процеси и постапките со тужбите не се од најдобар интерес за жртвите, заедницата и оние кои и натаму се опоравуваат од нападот“, изјави портпаролката на MGM Resorts, Дебра Дешонг.

„Оваа тужба е за секоја осуда“, рече адвокатот Роберт Еглет, кој застапува околу 1 000 жртви во пукањето. Повеќе од 2 500 лица поднесоа тужби или се заканија со правни дејствија против хотелот по масакрот.

Стивен Падок од прозорецот на својата хотелска соба на 32. кат пукаше кон присутните на музички настан во Лас Вегас. Во нападот загинаа 59 луѓе, а стотици беа ранети и трауматизирани. По најголемиот масакр во поновата историја на САД, Падок изврши самоубиство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг