Филмска потера во Лас Вегас, полицаец преку шофершајбната пука во убијци

Точка

18/07/2018

10:49

2.755

Големина на фонт

а а а

Камерата која ја носат полицајците во Лас Вегас снимила филмска потера по улиците на тој град и пукање какво ретко се гледа. Полицајците се обиделе да го сопрат возилото со двајца мажи осомничени за убиство, пишува "CBS News".

Од полицијата било соопштено дека двајца осомничени мажи претходно тоа утро со украден автомобил влетале во авто-перална и пукале во маж кој подоцна починал. 

Тогаш по нив започнала полициска потера по улиците, во која, во еден момент, автомобилот со осомничените мажи возел во спротивна насока. Полицаецот кој носел камера побарал помош преку радиоврска, а потоа низ шофершајбната почнал да пука во возилото на осомничените.

Како што се гледа и на снимката, на стаклото настанале дупки од куршуми. Во пукањето бил ранет еден од осомничените, идентификуван како 22-годишниот Фидел Миранда. Пренесен бил во болница каде подоцна починал. Другиот осомничен, 30-годишниот Рене Нунез, побегнал од возилото, но потоа бил уапсен.

"Тоа не го учиме кога се подготвуваме за оваа работа", рекол помошникот на шерифот Тим Кели.

Пукањето се случило на 11. јули оваа година, а полицајците кои биле снимени се Вилијам Уман и Пол Соломон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг