Снимката од ова девојче како пишува домашна ќе ве натера да се замислите: 8-годишна бездомничка не се откажува од своите сништа

Точка

18/07/2018

09:37

1.402

Големина на фонт

а а а

8-годишната Илејн Долфо од Филипините живее со своите родители и 4-годишната сестра на улица.

Иако овој крај последните години го погодиле сериозни монсунски дождови, таа нашла начин да ја напише својата домашна задача. 

Роналд Вилануев го снимил девојчето како покриено со јакна, се обидува да ги сокрие книгите од дождот.

Илејн му рекла дека учи за еден ден да се тргне од улица, да пронајде добра работа и да му обезбеди нормален живот на своето семејство, пренесува "Sky News".

"Додека нејзиното семејство спиеше, таа пишуваше домашна. Беше околу седум часот. Сигурно ќе успее во животот, бидејќи и покрај тоа што нема дом, не бараше изговор да не ја напише домашната", рекол Роланд.




Спонзорирани линкови

Маркетинг