„Роналдо е како Надал, а Меси како Федерер“

Точка

18/07/2018

11:07

1.745

Големина на фонт

а а а

Поранешниот напаѓач на Рома, Реал Мадрид и Интер, Антонио Касано проговори за трансферот на Роналдо во Јувентус.

Според Касано, трансферот на Кристијано Роналдо и тоа како ќе му се исплати на Јувентус, а истовремено додаде дека и Реал Мадрид „ќе прежвее“ без Португалецот.

„Тој е дар на мајката природа. Го има и тој менталитет, константност на тренинзите, професионалност – сите работи кои што јас ги мразев“, изјави Антонио Касано и додаде:

„Го сакам Меси и мислам дека тој е најдобриот фудбалер на сите времиња. Чувствувам посебни емоции кога го гледам како игра. Го сакам и тенисот, па ќе кажам дека Кристијано е како Надал – спој на талент и работа, додека пак Меси е како Федерер“, изјави Касано.



Спонзорирани линкови

Маркетинг