Шпанија e главен влез за мигрантите од Медитеранот

Макфакс

17/07/2018

21:21

1.010

Големина на фонт

а а а

Шпанија ја замени Италија како држава која е главен влез за мигрантите што преку Средоземното Море доаѓаат во Европската Унија, објавија Меѓународната организација за миграции (ИОМ) и Европската гранична и крајбрежна стража „Фронтекс“.

ИОМ известува дека повеќе од 18.000 мигранти пристигнале на брегот на Шпанија од почетокот на годинава до средината на јули, 16.000 влегле во Италија, а околу 14.000 во Грција.

Бројот на мигранти што пристигнале во Шпанија речиси тројно е зголемен во споредба со истиот период минатата година. Во Италија оваа бројка е 80 проценти помала, а во Грција бројот на мигранти се зголемил 50 отсто.

ИОМ тврди дека пристигнувањата на мигрантите особено се зголемиле во текот на изминатиот еден и пол месец, при што просечно по 220 луѓе пристигнувале на брегот на Шпанија. Во првите пет месеци од 2018 оваа бројка изнесувала 50 влегувања дневно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг