Пред точно сто години болшевиците го стрелале последниот руски цар

Макфакс

17/07/2018

21:20

3.368

Големина на фонт

а а а

Со поворка кон манастирот во Ганина Јама во близина на Екатеринбург, сочинета од 100.000 луѓе вчера беше одбележана стотата годишнина од екгзекуцијата на последниот руски цар Николај Втори Романов и членовите на неговото семејство.

Поворката ја предводеше духовниот поглавар на Руската православна црква, патријархот Кирил. Со крстови, икони и слики од царот и членовите на царското семејство, аџиите пристигнаа до манастирот во Ганина Јама, одалечен од Екатеринбург 21 километар.

На комеморацијата во манастирот кој го изгради РПЦ во знак на сеќавање на последниот руски цар на поворката ѝ се придружија уште 20.000 лица.

## https://twitter.com/HISTORY/status/1018855959370915840##

„Се молиме за царот Николај Втори, маченикот. Се молиме и за оние кои патеа заедно со него“, рече патријархот Кирил пред насобраните и додаде дека Русија треба да извлече поука од грдото искуство во минатото.

Државата не организираше официјална комеморација по повод годишнината.

## https://twitter.com/chris_skudder/status/1019188104933072902##

Во 1998 година тогашниот руски претседател, Борис Јелцин, го предводеше погребот на посмртните останки на царот Николај, неговата жена и нивните три ќерки, најдени во 1979. РПЦ и дваесет години подоцна одбива да ги прифати резултатите на ДНК тестовите со кои беше потврдена автентичноста на коските.

Егзекуцијата на царското семејство Романови заедно со нивната придружба се случило на 17 јули 1918 година во Екатеринбург по налог на комунистичкиот лидер, Владимир Ленин. Во 2000 година, Руската православна црква ги канонизирала како светци членовите на фамилијата Романови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг