Не е монтажа, сите зборуваат за ужаснатиот израз на лицето на Меланија откако се ракуваше со Путин

Точка

17/07/2018

21:10

15.301

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на самитот во Хелсинки, и покрај обвиненијата против Русите поради наводното вмешување во американските претседателски избори.

Со Трамп беше и неговата сопруга Меланија Трамп, а твитерџиите не ја поштедија, па така веднаш го забележале нејзиниот ужаснат поглед откако се ракуваше со Путин. 

Некои од нив се сомневале дека снимката е вратена наназад, но оригиналната снимка која ја објави NBC покажува дека тоа не е така.

Тешко е да се знае што помислила Меланија во тој момент, но на Твитер се појавија неколку теории.


"Изгледа како да погледнала зло во неговите очи", "Морници ме лазат од нејзиниот поглед", беа дел од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг