Јувентус и во овој преоден рок повлече неколку квалитетни потези со тоа што најбомбастичен и најзначаен е последниот, трансферот на Кристијано Роналдо.
„Старата дама“ се одлучи да плати над 100 милиони евра и да го доведе Португалецот во Торино, меѓутоа тука „бјанконерите“ не планираат да застанат и според информациите кои ни доаѓаат уште едно големо име ќе заврши во „црно-белото“ семејство-легендарниот Зинедин Зидан.
Зидан неодамна неочекувано стави крај на својот престој во Реал по освојувањето на новиот пехар во ЛШ и се очекуваше тој да мирува во наредниот период, ама ако сознанијата на „Либертат Дигитал“ се точни тогаш Французинот во октомври ќе заврши во Јуве и тоа како советник на спортскиот директор Фабио Паратичи.
Според истоимениот извор кој се повикува на луѓе блиски до семејството Ањели се е договорено и Зидан по 17 години ќе се врати во Торино со тоа што овој пат неговата улога ќе биде поинаква.