Се огласи и мајката на Роналдо: Лага е дека го притискав син ми за…

Дерби

17/07/2018

17:33

1.677

Големина на фонт

а а а

Мајката на Кристијано Роналдо, Марија Долорес Авеиро истакна дека е пресреќна што нејзиниот син одлучил кариерата да ја продолжи во Јувентус и ги негираше вестите кои велеа дека таа го притискала синот да се врати во Манчестер Јунајтед.

Роналдо вчера беше претставен како нов фудбалер на Јувентус, а во минатото Португалецот константно беше поврзуван со враќање во Манчестер Јунајтед.

Некои медиуми пренесоа дека мајката на Роналдо, Марија, го притискала синот да се врати во Англија, но тоа веднаш беше негирано од страна на самата Марија.

- Лага е дека сакав да се врати во Манчестер Јунајтед. Тоа не е точно. Јас сум многу среќна со неговиот избор. Ова е многу среќен ден за сите нас. Мојот син ќе го направи Јуве уште поголем. Ова е нов предизвик и почеток на нов живот. Тој уживаше во Реал Мадрид, но му беа потребни други предизвици - коментираше Марија Долорес Авеиро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг