Паднаа акциите на Тесла, Маск повторно зборува работи што не треба

Точка

17/07/2018

17:16

2.121

Големина на фонт

а а а

Акцијата на американскиот произведувач на автомобили - Тесла, доживеаа голем пад, и тоа овој пат поради коментарите на извршниот директор.

Инвеститорите во копманијата изгледа не биле импресионирани од тоа што генералниот директор на компанијата, Илон Маск, британскиот спасувач што минатата недела ги спаси 12-те деца од Тајланд, го нарекол „педофил“.

Акциите на Тесла паднале за 4%, или 2 милијарди долари, после коментарот на Маск. Во мај, акцијата на Тесла исто така имала пад после неуспешниот перформанс на Маск, односно однесувањето на конференцијата за медиумите и инвеститорите на чии што прашања одговарал со „досадно, досадно“.

Конфликтот измеѓу Маск и спасувачкиот тим од Британија почнал минатата недела, кога тие ја одбиле понудата на Маск да им даде мини подморница на нуркачите, со што би помогнал во акцијата за спасување.


Шефот на тимот рекол дека подморницата на Маск не била од корист, поради теренот кој не бил баш со најдобри услови. Паднале и уште понавредливи коментари, на кои Маск очигледно не останал имун.

Им одговори на Твитер „Извини педофиле, сам си го бараше“, го напишал тоа, а многу брзо потоа го избришал.

Шефот на тимот рекол дека размислува за тужба: „Верувам дека ме нарекол педофил. Мислам дека луѓето сфаќаат каков тип на човек е тој“.

Само два дена пред твитот на кој напишал „педофил“, Маск ветил дека ќе се обиде да биде помалку агресивен на Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг