Стојанче Ангелов назначен за национален координатор за прашања поврзани со бранителите

Макфакс

17/07/2018

17:13

945

Големина на фонт

а а а

Владата на денешната седница го именува Стојанче Ангелов за национален координатор за прашања поврзани со здружението на бранители.

Стојанче Ангелов, кој е поранешен полициски генерал и претседател на партијата Достоинство, најави дека ќе го напушти МВР поради политички ангажман во иднина. Тој преку статус објавен на „Фејсбук“ на почетокот на овој месец му се заблагодари на министерот Оливер Спасовски за укажаната доверба и соработка во изминатата година.

„Бидејки Законот за полиција им забранува на полициските службници да раководат со политичка партија, во договор со раководството на Достоинство одлучив да излезам надвор од МВР и мојата професионална кариера да ја продолжам на друго работно место кое нема да биде во судир со мојот планиран политички ангажман. Му благодарам на министерот Оливер Спасовски за укажаната доверба и соработка во изминатата една година“, напиша Ангелов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг