Четири членови на групата "Pussy Riot" се прогласени за виновни поради попречување на финалето, бидејќи влетале на теренот за време на финалниот натпревар од Светското првенство. Покрај тоа, следните три години не смеат "ни да помирисаат" спортски настан во Русија.
Четири членови на руската политичка панк група "Pussy Riot" биле осудени во Русија на 15 дена затвор поради прекин на финалето на Светското првенство во фудбал, објавиле државните медиуми додека речиси истовремено Европскиот суд за човекови права пресудил дека руската влада мора да им плати 37.000 евра на тројца членови во групата кои претходно биле осудени за хулиганско однесување поради демонстрации во московска катедрала во 2012. година.
Судот во Москва одлучил дека се виновни, поради попречување на финалето бидејќи влетале на стадионот за време на натпреварот. Тие исто така, три години нема да смеат да присуствуваат на никаков спортски настан во Русија.
Членовите на "Pussy Riot" во неделата влегле на теренот на стадионот "Лужники" во знак на протест поради руското затворање на украинскиот режисер Олег Сентсов. Рускиот суд го осудил Сентсов на 20 години затвор, на основа на обвинение за планирање на терористички напад на Крим.
32-годишниот Сентсов бил уапсен во мај 2014. година, за време на протестите против руската анексија на Крим.
"Ослободете ги сите политички затвореници. Ослободете го Олег Сентсов", напишала групата на својата Фејсбук страна. Жестокиот критичар на руската анексија на Крим, рускиот суд го осудил на 20 години затвор.