Американците не знаат да ја пронајдат Европа на мапа, а ниту пак сопствената земја

Точка

17/07/2018

15:15

6.365

Големина на фонт

а а а

Познатиот американски водител Џими Кимел ја понижи својата нација така што на сред улица застанувале Американци прашувајќи ги како се викаат одредени земји на мапата. Отсекогаш владее размислувањето дека Американците не се заинтересирани за остатокот од светот и дека се ограничени, а најновото видео го потврди тоа.

Неговиот тим на улиците во Лос Анџелес постави мапа од светот и ги прашувале случајните минувачи дали можат да кажат како се вика барем една земја. Повеќемината покажувале на Африка, а кога им било кажано дека тоа е континент, тие биле зачудени. 

Случајните минувачи се чуделе за тоа зошто некој би знаел како се вика земјата Африка, но некои од нив не знаеле да ја пронајдат ниту Америка.


Американците не знаеле ниту Европа да ја пронајдат на мапата и да наведат ниту една држава во Јужна Америка.

Одамна, владее размислувањето дека Американците не се заинтересирани за остатокот од светот, но и дека се ограничени и поглупави од Европјаните.


Ова не е прв пат Американците да покажуваат незнаење. Вашингтон пост во 2014 година објави истражување во кое само 14 % од Американците можеле да ја пронајдат Украина на мапата. Голем процент од луѓето ја сместуваа Украина на Гренланд.




Спонзорирани линкови

Маркетинг