Ред Бул даде зелено светло: Ќе се тестира во Торо Росо

КРУГ.МК

17/07/2018

18:01

1.184

Големина на фонт

а а а

Ред Бул им дале зелено светло на Хонда да го користат Торо Росо како тест за новините до крајот на оваа тркачка сезона и покрај тоа што би значело грид казни во пресрет на трките.

Ред Бул Рејсинг се решија следната година наместо со Рено да возат со агрегати на Хонда, така што цела моторспорт дивизија на “биковите“ бара начини како да им се помогне на Хонда да ги подобрат своите мотори пред следната година.

Според германски Auto Motor und Sport, доктор Хелмут Марко дал дозвола Хонда да го користи Торо Росо за тестирање остатокот од оваа сезона за да им се даде колку што може подобар мотор за следната година.

„Одлуката за оваа сезона е на Хонда, но доколку најдат десетинка подобрување, може да го пробаат на патеката и на трка, дури и ако тоа значи казни за тимот“, најави Марко.

Брендон Хартли поминува полошо од тандемот на екипата од Фаенца што се однесува до моторите. Во моментов го користи својот 6ти мотор со внатрешно согорување, 5ти МГУ-К кинетички дел од Системот за повраток на енергија и 5ти турбо полнач. Пјер Гасли е подобар и има 4ти мотор со внатрешно согорување, 4ти турбо полнач, 4ти хибриден дел од системот за повраток на енергијата и 3ти кинетички дел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг