Утре лидерска средба, ќе се разгледуваат деталите за референдумот

Макфакс

17/07/2018

10:48

814

Големина на фонт

а а а

Премиерот Заев Заев за утре најави лидерска средба. Средбата на која ќе се разговара околу деталите за референдумот се очекува да се случува во попладневните часови.

Преговорите меѓу работните групи ги запреа прашањата околу изборот на ДИК, законот за финансирање и политичките партии и барањето на опозицијата за техничка Влада, по теркот на Пржинскиот договор. Овие теми се издигнаа на лидерско ниво, па политичките лидери ќе треба да ги усогласат позициите, особено во делот на изборот на нов состав на ДИК, што ќе треба да го спроведе референдумот, кој, според најавите, се очекува да се одржи во септември или во октомври на есен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг