Убиле 300 крокодили! Мештани во индонезиско село нападнале цела фарма, а причината била - одмазда

Точка

17/07/2018

21:17

10.444

Големина на фонт

а а а

По погребот на мажот во саботата, мештаните влегле на фармата и ги убиле сите крокодили.

Во Индонезија се случил огромен масакр на крокодили, и тоа се поради одмазда. 

Мештаните на едно село, вооружени со ножеви, чекани и пендреци, ги убиле сите 292 крокодили во знак на одмазда за смртта на еден маж, кој бил убиен од крокодил на фарма за крокодили, изјавил еден локален службеник.

Шефот на Агенцијата за заштита на природните ресурси на Индонезија во Западна Папуа вели дека 48-годишната жртва влегла на фармата за крокодили и дека веројатно собирала трева за да ја нахрани стоката, пред животните да го нападнат.

"Вработениот слушнал дека некој вриска и бара помош, брзо отишол да провери што се случува и таму видел дека крокодил напаѓа човек", навел во соопштението.

По погребот на мажот во саботата, мештаните влегле на фармата и ги убиле сите крокодили, додал тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг