Сенаторите со жестока осуда: Трамп направи голем гаф - тоа е срамно, покажа слабост!

Точка

17/07/2018

12:24

4.269

Големина на фонт

а а а

Сенаторите од Демократската, но и од Републиканската партија жестоко го критикуваа Доналд Трамп после неговата средба со Владимир Путин во финскиот главен град Хелсинки.

Сенаторот Линдзи Грејам, еден од водечките Републиканци го оцени говорот на Трамп за време на прес-конференцијата со Путин во Хелсинки како порака до Москва за „слабоста“ на САД. Трамп во текот на вчерашниот ден порача дека не гледа причини за да верува дека Русија влијаела на американските претседателски избори пред две години, а Путин тоа енергично го негирал.

„Нашите односи никогаш не биле полоши од сега, но сепак тоа се промени пред околу четири часа“, порача Доналд Трамп на прес-конференцијата. Трамп претходно повеќе од два часа разговарал директно со Путин, а потоа во разговорите се придружиле и дипломати од двете земји.


„Претседателот Трамп пропушти прилика одлучно да ја повика Русија на одговорност за мешањето во изборите и да испрати силна порака во пресрет на идните избори. Тој одговор на Трамп, Русија ќе го види како знак на слабост и ќе создаде многу повеќе проблеми од тоа што може да реши“, порача Грејам на Твитер.

Републиканскиот сенатор Џеф Флејк на Твитер, зборовите на Трамп ги оцени како „срамни“.

„Никогаш не сум мислел дека ќе го доживеам денот кога американски претседател ќе стои на подиумот со руски претседател и за руска агресија ќе ги обвини Соединетите Американски Држави. Тоа е срамно“, порача Флејк.


Лидерот на Демократите во американскиот Сенат, Чак Шумер порача дека постапките на Трамп „ги зајакнале американските противници и ја ослабеле американската одбрана и одбраната на американските сојузници“.

„Непромислено, опасно и слабо е претседател на Соединетите Американски Држави да застане заедно до Путин против американските закони, американските функционери и американските разузнавачки агенции. Претседателот се става пред нашата земја“, порача Шумер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг