Започна ловот на руските државјани: Американците во Вашингтон уапсија жена за која што тврдат дека е руски шпион!

Точка

17/07/2018

11:23

4.451

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Вашингтон ја уапси 29-годишната руската државјанка Марија Бутина поради сомнение дека е шпион на Русија.

„Бутина е обвинета за здружување со цел работа како агент на странска земја“, соопшти Министерството за правда на Соединетите Американски Држави.

Врз основа на нивниот приказ на ситуацијата, таа била уапсена синоќа и според американските власти таа развивала мрежа на соработка со американски државјани и се инфилтрирала во политички групации во САД.

„Бутина се поврзува со Александар Торшин, поранешен член на законодавството на Руската Федерација, а потоа и еден од најважните функционери во Централната банка на Русија. Против него во април оваа година САД воведе санкции“, соопштија од американското Министерство за правда.

Од таму напоменуваат дека 29-годишната Бутина „превземала активности, а истите не откривала дека ги извршува како агент на Русија“, додавајќи дека уапсената руска државјанка ќе биде сослушана веќе утре.

„Еден од нивните цели е обид за искористување на приватен контакт со државјанин на САД кој што има големо влијание на американската политика со цел да ѝ помогне на интересите на Русија“, изјави Кевин Хелсон, специјален агент на ФБИ, додавајќи дека таа соработувала и со организација која што промовира право на употреба на огнено оружје.

Адвокатот на Русинката, Роберт Дрискол ги демантираше обвиненијата дека таа е руски агент, но додаде дека ФБИ добиле налог за претрес на нејзиниот стан во април.

„Обвинението е толку претерано што е надвор од сите пропорции. Едноставно нема индикации дека Бутина се обидела да влијае или да поткопа било кое правило или закон на Соединетите Американски Држави“, изјави адвокатот Дрискол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг