Уште една русокоса го прекрши протоколот: Колинда не е единствената која го "зграби" златниот трофеј

Точка

16/07/2018

19:08

5.665

Големина на фонт

а а а

Иако пехарот од Светското првенство во фудбал е наменет само за освојувачите, хрватската претседателка не е единствената која "незаслужено" го понесе. И познатата холивудска глумица Памела Андерсон ја имала истата таа привилегија.

Сексапилната "Чуварка на плажа", како што пренесува "The Sun", ги предводеше француските навивачи на стадионот Лужники во Москва, бидејќи таа е девојка на францускиот репрезентативец, Адил Рами. 

Па, така русокосата се најде на трибините и се пофали со фотографија од славниот пехар.

Згодната Памела која со Рами е во врска неколку месеци живее на релација Марсеј-Малибу, без сомнение е најатрактивната девојка помеѓу останатите девојки на фудбалерите.


Има 51 година, а тие двајца покажале дека годините не се граница и препрека за љубов.




Спонзорирани линкови

Маркетинг