На 21 годишна девојка ѝ се закануваат 10 години затвор поради хакирање на мејлот на познатата пејачка

Точка

16/07/2018

18:17

3.320

Големина на фонт

а а а

Поради хакирање на мејлот на познатата пејачка Селена Гозмез, покренато е обвинение против 21 годишната Сузан Антрах, пренесуваат американските медиуми. Антрах се обвинува за извршување на 11 кривични дела кои произлегуваат од хакирањето на мејлот на американската поп ѕвезда Селена Гомез и еден нејзин соработник.

Обвинителот во Лос Анџелес изјавил дека Сузан Антрах од Њу Џерси е обвинета според петте точки за кривични дела помеѓу кои се крадење на идентитет, проневера и користење на податоци без дозвола.  

Медиумите потсетуваат дека 21 годишната девојка поради хакирање на мејлот на Селена ѝ се закануваат 10 години затвор.


Обвинителот тврди дека Антрах во 2015 и 2016 година неколку пати успеала да дојде до емајлот на Селена Гомез и нејзиниот соработник и дека објавила одредени приватни содржини.

Антрах не се изјаснила за обвиненијата, а на обвинителите не им е познато дали воопшто ангажирала адвокат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг