Погледнете ги службените портрети на британското кралско семејство, од крштевката на принцот Луис

Точка

16/07/2018

17:11

5.081

Големина на фонт

а а а

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, своето најмало дете го крштевале пред неколку дена, односно на 9-ти јули, во Кралската капела во Св. Џејмс.

Кенсингтонската палата, на социјалните мрежи ги објавила и службените семејни портрети, по повод крштевката на двомесечниот принц Луис.

На фотографиите, принцот Луис носи кралски фустан, што е реплика на фустан од 1841-ва година, што биле направени за кралицата Викторија и принцезата што исто така се викала Викторија. Кејт на фотографиите е облечена во фустанот што го носела и на самата крштевка, со потпис од модната куќа „Alexander McQueen“.

На двете фотографии Кејт сама позирала со малиот принц, а има и една фотографија на која се повторно тие двајца, но заедно со принцот Вилијам, постариот брат на Луис, принцот Џорџ и нивната сестра принцезата Шарлот.

Останатите две фотографии се семејни портрети на кои што друштво им прават родителите на Кејт и Вилијам и браќата и сестрите со своите сопружници. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг