Емотивната реакција на славната тенисерка после загубениот натпревар предизвика воодушевување кај сите

Точка

16/07/2018

16:46

3.166

Големина на фонт

а а а

Кралицата на тениските терени Серена Вилијамс и нејзиниот сопруг Алексис Оханиан имаат преслатка ќерка Олимпија. После тешкото породување од пред 10 месеци, период во кој за малку умрела, Серена помина долг пат на опоравување.

После женското финале на Вимблдон, одржано во саботата, кога изгуби од Германката, Анџелик Кербер, Серена изјави дека после сè што преживеала во последните години, навистина е среќна за тоа што успеала да стигне до финалето. 

"Не можам да бидам разочарана поради тоа што изгубив. Имам многу работи за кои што можам да се радувам. Всушност, јас само што започнав!"

"Денес играв за сите мајки", рекла Серена со глас полн со емоции.

Нејзините емотивни зборови предизвикале воодушевување помеѓу обожавателите на трибините на стадионот, како и на социјалните мрежи.

Алексис Оханиан исто така ја поддржа својата сопруга, објавувајќи на својот Инстаграм профил фотографија со текст: "Само што почнав"!

Покрај тоа напиша и коментар:

"Неколку денови откако се роди нашата ќерка, ја бакнав сопругата за разделба пред операција, бидејќи никој од нас не знаеше дали повторно ќе ја видиме. Сакавме само да преживее. Само 10 месеци подоцна таа пристигна до финалето на Вимблдон".

Кога после натпреварот ѝ честиташе на Кербер, Алексис рекол дека неговата сопруга повторно ќе држи трофеј во нејзините раци, "најголемиот трофеј, кој ја чека дома".



Спонзорирани линкови

Маркетинг