Вознемирувачко видео: Злосторство кое го згрози светот - Стрелале две мајки и нивните деца

Точка

16/07/2018

19:14

6.670

Големина на фонт

а а а

На Твитер се појавила ужасна снимка од стрелање на две мајки со деца, за кои егзекуторите тврдат дека се јатаци на исламистичката терористичка група Боко Харам.

Две неидентификувани мајки и нивните малолетни деца биле ѕверски убиени од припадници на камерунската војска. 

"Ти си Боко Харам, ќе умреш", и вели војникот на една од жените, а потоа ја удира и ја води кон местото каде ќе ја убие. Од тој разговор и се дознава дека тие се осудени како приврзаници на терористичката група Боко Харам.

Камерунската војска демантира дека нејзините војници се егзекутори и тврди дека тие немаат такви униформи.

"Камерун е потписник на мировни конвенциии секогаш водиме сметка за почитување на човековото достоинство во војна", изјавил Дидие Бадјек, портпарол на војската на Камерун, држава која веќе со години се бори со озлогласените џихадисти на својата граница со Нигерија. Претседателот на Камерун, како што се наведува, побарал истрага за ова злосторство.

Од друга страна, од организацијата "Amnesty International" велат дека на основа на анализата на оружје, дијалогот и униформата, како и изјавите на сведоците, речиси се сигурно дека во ова ѕверско убиство се вклучени припадници на војската на Камерун.

"Со оглед на тежината на овој ужасен чин, ладнокрвен масакр на жени и деца, овие млаки деманти предизвикуваат сомнежи дека истрага воопшто нема ни да има", вели Самира Дауд, заменик директор на Западноафиканската канцеларија на "Amnesty International".

Целата снимка можете да ја погледнете тука, но ве предупредуваме дека е вознемирувачка, ужасна и брутална.




Спонзорирани линкови

Маркетинг