Џенифер Лопез се пофали со најдолгата плетенка што некогаш сте ја виделе

Точка

16/07/2018

16:18

2.280

Големина на фонт

а а а

Џеј Ло во последниов период негуваше коса што е долга до нејзиниот струк, но сега одлучила уште малку да ја продолжи.

Познатиот фризер Крис Аплетон, на својот Инстаграм го претставил новиот изглед на пејачката, а волку долга коса сигурно досега не сте виделе.

Со овој изглед го започнала трендот на „супердолга коса“, што наскоро би требало да ја собори и најпопуларната боб фризура, на потполно ново ниво. Имајте предвид дека Џеј Ло на фотографијата има плетенка, што би значело дека нејзината коса кога би била расплетена, подолга е и од самата неа!

Но, не мораме да погодуваме за колкави екстензии станува збор, бидејќи фризерот пред неколку дена објавил фотографија и од нејзината расплетена коса, врзана во коњски реп, што не се ни гледал во кадарот. 

I wasn’t playing ??‍♀️ #PonyTAIL #chrisappletonhair @jlo

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг