Ќе гориш во пеколот, убиецу: Сестрата на Србинката која ја убил американскиот научник, на неговата профилна фотографија оставила страшна порака

Точка

16/07/2018

21:27

11.997

Големина на фонт

а а а

Билјана Дунлап, сестра на Србинката кој ја убил сопругот во нивната семејна куќа во Калифорнија, за српски "Blic" вели дека не може да дојде при себе од шок.

"Чувствувам неподнослива и неопислива болка поради оваа ситуација. Беше прекрасна и преубава личност", изјавила Билјана за српскиот портал. 

Сестрата на убиената Ивана Вац додала дека, откако дознала за трагичната вест, тешко и е воопшто да зборува.

"Не знам како ќе продолжам понатаму. Ми беше единствена сестра", рекла таа.

Билјана само по неколку часа откако дознала дека Ивана е убиена, напишала коментар на профилната фотографија на човекот кој ги убил нејзините сестра и внук.

"Можеби ќе гориш во пеколот за тоа што им го направи на мојата сестра и внук, ти нарцисоидно го*но. Никогаш нема да знаеш каква болка предизвика од себични причини. Те гледав како брат 30 години, заслужуваш да бидеш под земја", напишала таа.

Потсетуваме, полицијата пред помалку од 48 часа во семејната куќа во Редондо Бич во Калифорнија пронашла три тела. Како што пренел "NBC", американскиот научник Марк Вац ја убил сопругата Ивана и нивниот 13-годишен син Макани, а потоа се самоубил.

Еден од пријателите на семејството рекол дека не е изненаден, бидејќи на Марк му немало спас.

"Марк имаше проблеми со грбот и беше константно во болки, а се поради сообраќајна несреќа. Беше очаен, но беше добар пријател. Доаѓаше во мојот дом, пиевме по некоја чаша, зборувавме. Користеше лекови против болки, но лекарите му велеа дека не можат да направат ништо за него", рекол соседот Реџи Луцеро. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг