Заев: „Комитите“ во полиција рекоа дека руски бизнисмени давале пари

Макфакс

16/07/2018

16:07

4.516

Големина на фонт

а а а

Членовите на навивачката група „Комити“ кои беа приведени во јуни за време на протестите против договорот со Грција за промена на името пред Собранието, во полициска станица рекле дека руски бизнисмени давале пари и затоа тие излегле на улица.

„Тие млади момчиња од ‘Комити’ кога нападнаа полицајци беа повикани во полиција на исказ, па споменуваа дека бизнисмени од Русија давале пари, дека заради тоа тие се тука, дека тие немаат ништо против или слично“, рече Заев на денешниот настан по повод отпочнувањето со изградба на фабрика на американската компанија „ДУРА аутомотив системс“ во ТИРЗ.

Уште еднаш ќе потврдам, рече тој, Македонија е мала земја и сака да гради пријателство со сите, вклучувајќи ја и Руската Федерација. „Мораме само уште еднаш да потврдиме дека нема друга алтернатива за Македонија освен полноправно членство во ЕУ и НАТО“, рече Заев.

Претходно, тој во интервју за „Базфид њуз“ рече дека проруски грчки бизнисмени им плаќаат на македонски граѓани од 13 до 21 000 долари за да предизвикаат насилни протести пред да се одржи клучниот референдум.



Спонзорирани линкови

Маркетинг