Заев: Проруски бизнисмени плаќале по 21.000 долари за насилни протести против договорот за името

Макфакс

16/07/2018

13:34

5.064

Големина на фонт

а а а

Проруски бизнисмени од Грција се обидуваат да ја спречат земјата да се приклучи на НАТО и плаќаат по илјадници долари за насилни протести, тврди премиерот Зоран Заев во интервју „Базфид њуз“.

Тој вели дека проруски грчки бизнисмени им плаќаат на македонски граѓани од 13 до 21 000 долари за да предизвикаат насилство пред да се одржи клучниот референдум, кој ќе утврди дали Македонија ќе може да се приклучи на воениот сојуз.

Заев не открива кој стои зад потплатувањата, велејќи дека во тек е истрага. Открива дека полицијата дознала за тоа по притворањето на неколку учесници на насилните протести против договорот со Грција што се одржаа минатиот месец пред Собранието.

Во интервјуто за „Базфид њуз“ дадено во Скопје по враќањето од Самитот на НАТО во Брисел, каде што Македонија официјално доби покана за членство, Заев открива и дека приватно побарал поддршка за референдумот од американскиот претседател, Доналд Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг