Планинар порачал дека сака да се убие: Спасувачите тргнале во потрага и го пронашле на врв на планина! Уследила акција каква се гледа само во филмови

Точка

16/07/2018

11:43

3.784

Големина на фонт

а а а

Еден пилот со хеликоптер извел неверојатен маневар на планина од 3.300 метри во Орегон, а вакви акции обично се гледаат само во Авганистан.

Имено, еден планинар ги повикал спасувачките служби, велејќи дека сака да се убие. Подоцна сепак се премислил, но да се дојде до него не било воопшто едноставно. 

Во спасувањето тргнал пилотот Фил Кол, кој морал да управува со хеликоптер "CH-47", а пред себе имал многу тешка задача.

"По вакво време, планината почнува да се распаѓа. Се се топи, почнуваат да паѓаат лед и камења", рекол тој.

И покрај се, спасувачите се искачиле на планината, додека хеликоптерот морал да се балансира покрај карпите.

Се завршило добро, а планинарот бил пренесен во болница каде успешно закрепнува.




Спонзорирани линкови

Маркетинг