"Deutsche Welle" пред состанокот на моќниците: Дали Америка ќе го предаде Западот

Точка

16/07/2018

11:36

3.999

Големина на фонт

а а а

Што сакаат да постигнат Доналд Трмап и Владимир Путин, се прашува авторот на "Deutsche Welle", Кристијан Трипе.

Дури и пред самитот во Хелсинки, јасно е дека американскиот претседател би можел да ја жртвува целата западна алијанса, вели Кристијан Трипе. 

Доналд Трамп со Владимир Путин ќе разговара во четири очи. Само нив двајца, и по еден преведувач.

На состанокот нема да има политички советници ни протоколарен персонал. Така сака Белата куќа - и со тоа го крши основниот принцип на таквите самити. Со тоа Трамп поттикнува недоверба и длабоки стравови меѓу оние кои себеси се сметаат загрозени од Русија, и кои се сомневаат во помошта која им ја гарантира западната алијанса.

Трамп и Путин се слични луѓе. Двајцата се гледаат себеси како силни мажи во хаотичен свет, а заедниците кои ги водат двајцата првенствено ги сметаат за моќни држави. Путин одамна се стилизирал како лидер на оние политички сили кои се одлучно антилиберални. Трамп, од друга страна, сака да ја игра улогата на уништувач на оние либералните институции кои во светот донеле ред по епохалните пресвртници во 1945. и 1990. година.

Двајцата неколку пати дале до знаење дека си се восхитуваат еден на друг, и покрај сите судири на интереси. Тоа не е добро за состанокот во Хелсинки, бидејќи хоризонтите на очекувањата се премногу различни. Како често претходно, Американецот бара внимание од медиумите, средба на голема сцена, тапкање по рамо - сака да го запрепасти светот. А своите политички цели - ако воопшто ги има - Трамп ги држи во тајност.

Русинот, меѓутоа, има обемна програма: Путин сама непречено да учествува во сириската граѓанска војна. Тој сака непречено да делува во Украина, која ја сфаќа како руска зона на влијание и на која и признава само ограничен суверенитет.. И на крајот, тој бара Западот да ја признае окупацијата на Крим од пред четири години. ЕУ и САД поради Крим и вовеле санкции на Русија, и Путин сака да се ослободи од нив.

Кој се прашува како Путин може да ги спроведе тие цели со својот американски колега, гледа во политичка и морална провалија. Додека Трамп патува по Европа, еден специјален истражувач во САД поднел обвинение против 12 руски агенти - поради сомнение дека пред две години се мешале во претседателските избори во таа земја. Русија веќе долго е под сомнение дека му помогнала на Трамп во неговата изборна кампања - со хакерски напади, кражба на информации, и со влијаење на социјалните мрежи.

Нема сомнение, Доналд Трамп бил најпосакуваниот кандидат кај Кремљ. Но, дали тој автоматски е и "негов претседател"? Одговорот не зависи само од тоа дали Кремљ има во раката нешто против Трамп, односно дали постојат компромитирачки материјали погодни за уцена. За тоа често се шпекулирало: некогаш се зборувало за блудни однесувања на Трамп во Москва, некогаш за бизнис контакти во Њујорк.

Овие приказни од претходниот живот на Трамп се сензационалистички, но засега се само шпекулации. Тие не би смееле да го свртат вниманието од вистинската политика која ја води "вистинскиот" Доналд Трамп. Кој е груб кон своите НАТО сојузници како што Трамп, тој ја работи работата на сите противници на Западот. Претседателот на САД кој сега се заканува дека ќе го напушти НАТО е подарок за секој руски претседател. Дали Путин ќе му се заблагодари на Трамп за тоа во Хелсинки. Трамп многу добро знае зошто не сака разговорот со Путин да биде снимен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг