Прославата во Франција заврши со нереди, има и мртви

Макфакс

16/07/2018

09:50

5.613

Големина на фонт

а а а

Франција вчера ја освои својата втора светска титула во фудбал во Русија со 4:2 победата над Хрватска, по што, нормално, на улиците на сите поголеми градови се славеше, за на крај да заврши со нереди, апсења, и дури смртни случаи.

Во Париз, каде што над 100.000 луѓе се собраа пред Ајфеловата кула, по мечот почнаа проблемите кога славјето излезе од контрола, и на крајот беа повикани специјалните сили кои со водени топови и со гумени куршуми мораа да го враќаат мирот на улиците. Стотина хулигани се качија на едно полициско возило во центарот на градот.

Во Лион исто така имаше вистински неред, кога хулиганите почнаа да кршат автомобили, додека во Марсеј имаше масовна тепачка со полицијата, а се појавија и снимки на демолирање на еден автобус. Инциденти имаше и во други градови – Гренобл, Руен, Ле Авр, Ница, Кан, Стразбур и Нант.

##https://twitter.com/ohboywhatashot/status/1018587171257749504##

Имаше и два смртни случаи – во алпскиот град Анеси, 50-годишен навивач починал откако скокнал во еден канал, а во Сан Феликс во северна Франција, 30-годишник при славјето се заби во дрво.

##https://twitter.com/ohboywhatashot/status/1018589569669844997##



Спонзорирани линкови

Маркетинг