Вознемирувачко видео: Успеал да ѝ го предаде детето на сопругата момент пред бруталната егзекуција

Точка

16/07/2018

21:26

12.809

Големина на фонт

а а а

Надзорните камери во државата Пернамбуко во Бразил снимиле застрашувачки момент кога таткото го предал детето на својата сопруга, бидејќи сфатил дека ќе биде убиен.

Тој прибрано се врти кон сопругата за да и ги шепне последните зборови пред да и го предаде девојчето и да клекне на земја. 

46-годишниот адвокат Андре Рибеиро, се паркирал со автомобилот пред една куќа, го заобиколил, ја отворил вратата и го извадил детето од возилото, додека напаѓачот се прикрадувал во близина.

Неколку моменти подоцна, маж во бела маица со качкет на глава се појавил во кадарот и го насочил оружјето кон него.

Таткото го видел и брзо и го предал детето на сопругата, без да покаже страв. Потоа клекнал покрај автомобилот, а напаѓачот од непосредна близина испукал пет куршуми во него.

Рибеиро починал во истиот момент, а неговата сопруга и ќерка не биле повредени. Убиецот побегнал од самото место

.



Спонзорирани линкови

Маркетинг