ВМРО-ДПМНЕ: Нема поголемо лицемерие од тоа кога Заев говори за заштита на македонската историја, традиција и култура

Макфакс

15/07/2018

16:35

1.119

Големина на фонт

а а а

Партијата ВМРО-ДПМНЕ реагира на обраќањето на премиерот Зоран Заев на годинешната Галичка свадба.

Според нив тој е првиот политичар кои целосно ги прифати грчките црвени линии и се согласи на бришење на името Република Македонија.

„Зоран Заев е првиот политичар кој се откажа од Македонците во соседните држави. Зоран Заев е првиот политичар кој се согласи нашата историја да ја пишуваат мешовити комисии. Доколку е Зоран Заев барем малку искрен кога се колне во своите предци и во своите деца, го повикуваме да се откаже од намерата за бришење на Уставот и целосно прекрстување на државата. Доколку Заев е барем малку заинтересиран за македонската историја, традиција и култура, го повикуваме да не поддржува договори во кои истите се негираат и се бара мешани комисии дополнително да ги утврдат. Се друго е уште една бесрамна лага на човекот кому му се поважни грчките национални интереси“, сметаат тие.



Спонзорирани линкови

Маркетинг